Руски војници пристигнаа во Венецуела

86
ФОТО: EPA / RAYNER PENA

Руски војници пристигнаа во Венецуела во согласност со воено-техничкиот договор потпишан помеѓу Владата на Москва и на Каракас, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Генералниот секретаријат на Организацијата на американски држави (ОАС) претходно го осуди слетувањето на два руски авиона во Венецуела, кои транспортираа војници и товар.

– Не сме изненадени од политички мотивираното соопштение на ОАС, во кое Русија без каква било причина е обвинета за воен упад во Венецуела и нарушување на суверенитетот на земјата, убедени сме дека не е во надлежноста на техничкото тело да и кажува на независна држава со кој и како да соработува и да го проценува статусот на Владата на Венецуела, која има вистинска моќ, за разлика од самопрогласениот, технички претседател Хуан Гуаидо – истакна Захарова.

ФОТО: EPA / RAYNER PENA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...