За време на лекувањето со хемотерапија онколошките пациенти треба да водат здрав живот кој вклучува умерена физичка активност и здрава исхрана.
Токму за таа цел, деновиве во Хрватска беше промовиран првиот специјализиран онлајн проект „nijeFRKA.hr“ кој првпат на едно место ќе ги обедини сите релевантни и научно втемелени информации врзани за исхраната на онколошките пациенти и на тој начин ќе им помогне во подобрувањето на секојдневните прехранбени навики.
Бидејќи хемотерапијата ги убива клетките на ракот, таа може да ги оштети и здравите клетки, а тоа може да предизвика и одредени проблеми во исхраната.
После само една хемотерапија можат да се појават несакани дејства, како мачнина, губење на апетит, промена на сетилата за вкус и за мирис, констипација или диареја, болни оштетувања на усната празнина, грлотo и отежнато голтање, повраќање, губење на телесната тежина или дебелеење.
Исхраната на овие болни често се разликува од исхраната на здравите лица, затоа што тогаш може да дојде до зголемување на потребата за протеини или дополнителни калории. Од друга страна, ако после хемотерапијата се појавиле ранички во устата, храната треба да биде течна или во вид на пире и сосови.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey