Недостатокот на јод е закана за развојот на мозокот на децата

Научниците стравуваат дека 50% од сите новородени во Европа не го достигнуваат својот целосен когнитивен потенцијал поради јоден дефицит. Недостатокот на јод кај мајката за време на бременоста – во земјите со јоден дефицит во исхраната, е честа причина за кретенизам кај новороденчето.

209

На вчерашната промоција на монографијата „Јоден и тироиден статус на населението 2018 година“ на Медицинскиот факултет во Скопје, можевме да слушнеме дека, Македонија, со својата долгорочна политика за универзално јодирање на солта, која се спроведува од 1999. година е меѓу 12. земји во светот кои достигнале одржлив јоден суфицит на населението

Јодот е неопходен микронутриент кој во организмот се внесува преку водата и храната. Тој е потребен за производство на тироидни хормони, кои се важни регулатори на метаболизмот, растот и развојот.

За време на бременоста, жените имаат зголемена потреба од јод, чиешто внесување честопати е недоволно преку редовната исхрана. Дури и умерен дефицит на јод претставува ризик од оштетување на неврокогнитивните функции и намалување на коефициентот на интелигенција на нивното потомство.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...