Атина без договор со Брисел за нова транша кредит

87

Работната група за еврото денеска не донесе одлука за исплата на речиси една милијарда евра кредит на Грција.

Причината за тоа е што се уште не е постигнат договор со грчката Влада за тоа како Атина планира да ги заштити должниците од преземање на имотот под хипотека, тврди весникот „Катимерини“.

Грчката Влада треба да постигне договор со „европската тројка“ пред следниот состанок на Групата, што ќе се одржи на 5 април, а во спротивно одлуката за исплата на следната транша ќе биде одложена третпат.

Аналитичарите оценуваат дека евентуалното ново одлагање на траншата ќе испрати лош сигнал на пазарот.

Европски извори за „Катимерини“ изјавиле дека е малку веројатно оти ќе дојде до договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...