Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по враќањето од Вашингтон закажа итни воени консултации, по ракетните напади од Газа и одговорот на израелските сили.
Израелски медиуми, повикувајќи се на неименувани израелски официјален лице, јавија дека не е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, додавајќи дека Нетанјаху и дал инструкции на војската да продолжи со напади врз цели на оваа исламискичка екстремистичка организација уште додека патувал кон Израел од главниот град на САД.
– Нема договор за прекин на огнот. Не е готово -изјавил неименуваниот извор, додавајќи дека Израел е подготвен за уште посилни напади.
И израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е подготвен да нареди понатамошни акции во Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, по израелските воздушни напади како одговор на ракетните напади од оваа палестинска територија врз Израел.
– Можам да ви кажам дека сме подготвени да нападнеме многу посилно. Ќе го нападнеме тоа што е потребно за да го браниме нашиот народ и нашата земја – изјави Нетанјаху.
Извори од Појасот Газа претходно соопштија дека условот на Израел за прекин на огнот бил престанување на сите палестински акции долж граничната ограда, вклучувајќи го и пуштањето на балони со запалив материјал и планираниот протест на границата в петок, по повод одбележувањето на годишнината од почетокот на масовните демонстрации против Израел и израеслко-египетската блокада за Газа