Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска повторно ги окаректеризра главнотековните (мејнстрим) медиуми како непријатели на народот.
– Главнотековните медиумите се на удар и им се потсмеваат ширум светот, бидејќи се корумпирани и лажни, напиша Трамп на Твитер.
Тој потенцира дека овие медиуми две години ја форсирале илузијата за негова соработка со Русија во претседателската кампања, иако знаеле дека такво нешто нема.
– Тие навистина се непријатели на народот и вистинска опозициска партија – наведе Трамп на Твитер.
Американскиот претседател досега во неколку наврати медиумските извештаи што не му се допаѓаат ги окаректеризира како „лажни вести”, а новинарите „непријатели на граѓаните”.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS