Во 2107 година убаво се живело и од поседување на земјиште станови деловни простории како и од авторски права.
Податоците на Управата за јавни приходи објавени денеска, покажуваат дека жители на Скопје и во овие сектори предничат пред другите.
Прворангираниот според вкупно остварени бруто приходи од имот и имотни права (издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот) е обврзник од Скопје, кој пријавил 847.477 евра.
Прворангиран според остварени вкупно бруто приходи од авторски права/индустриска сопственост е обврзник од Скопје со 533.114 евра.