Smart Home, паметен систем за управување со електричните уреди во домаќинството, со цел зголемување на удобноста во секојдневното живеење, сигурноста и безбедноста, понуди денеска телекомуникациската компанија Vip.
Најновото паметно решение, Vip Smart Home овозможува преку едноставна апликација од смартфон, корисникот да управува со електричните уреди во домот и да провери дали е сè во ред во секое време, од кое било место.
Vip Smart Home е достапен преку четири пакети: Vip Smart Home Basic, Vip Smart Home Protect, Vip Smart Home Comfort и Vip Smart Home Office. Со активација на еден од пакетите во Vip Smart Home S тарифата со договор на 24 месеци во промотивниот период корисникот може да ја добие услугата без претплата.
– Во насока на обезбедување дигитални, модерни решенија, достапни за сите, денеска ја лансираме новата услуга Vip Smart Home. Овој производ нуди висококавлитетни уреди, со што обезбедува доверливост на услугата, едноставно и интуитивно користење, како и пристапни цени. Vip Smart Home нуди голем број можности за автоматизација на домот, за сите корисници кои сакаат да се чувствуваат безбедно и удобно во секое време од денот – изјави Бисера Николова, раководителка на одделот за резидентни корисници во Vip.
Vip Smart Home се инсталира на многу лесен и едноставен начин и е достапен за сите корисници кои имаат интернет при што автоматски се прилагодува на дневните рутини и навики, функционира преку централната единица која ги поврзува паметните уреди со смартфон на корисникот и овозможува да ги управува сите уреди од било кое место.
Паметниот приклучок овозможува раководење со кој било електричен уред кој е со моќност до 2.500 W преку смартфон или таблет, без разлика од местото на кое се наоѓа корисникот. Благодарение на сензорот кој функционира со магнет, корисникот секогаш знае дали вратите и прозорците во домот се затворени. Повеќенаменскиот сензор автоматски го детектира секое движење и овозможува мерење на температура и интензитет на светлината, а внатрешната камера овозможува следење на случувањата во домот на корисникот, како и снимање во радиус од 115°, со можност за HD видео стриминг и ноќно снимање. Во комбинација со повеќенаменските сензори, камерата започнува со снимање штом се активира сензорот.
Паметната сватилка овозможува лесно контролирање на осветлувањето во домот и е дизајнирана за рачна и автоматска контрола на светлината. Со неа, лесно може да биде одреден тонот на бојата и интензитетот на светлината од каде било.