Од први април ќе се укине паушалот за парно?!

503

Од први април може да се очекува да се укине паушалот за топлинска енергија, велат од Здружението на граѓани „Но пасаран“. Оттаму велат дека добиле ветување од надлежните институции дека од следниот месец граѓаните што не користат топлинска енергија нема веќе да добиваат сметки за паушал.

– Претставници од Регулаторна комисија за енергетика рекоа дека конечно од први април проблемот со паушалот за топлинска енергија ќе биде решен во полза на граѓаните. Значи од први април во новите правила за снабдување со топлинска енергија ќе нема обврска за негово плаќање. Но мора да истакнам дека овие правила сѐ уште ги немаме видено и дека истите тие треба да се објават до крајот на месецов – вели Марјан Ненов од здружението „Но пасаран“ за Нова Македонија.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија до крајот на март треба да ги донесе правилата за снабдување со топлинска енергија, во кои ќе бидат уредени односите меѓу снабдувачот со топлинска енергија, потрошувачите и дистрибутерот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...