Хуманитарен „Галеб“ на 5. април во МНТ

187
20130531 Friday 1112 Skopje teatar otvaranje SK14 nikola gruevski

Во рамките на проектот Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности, со поддршка на Црвен крст на Р. Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Македонски народен театар, тимот од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ организира продажба на билети за изведбата на претставата „Галеб“ на 5 април, со почеток во 20 часот. Дел од средствата од продажбата на билетите ќе се донираат во хуманитарни цели, за помош на целната група – социјално загрозено семејство, информираа денеска од МНТ. 

Програмата Црвен крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р. Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1.200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество.

Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливите категории на население. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица во нашата земја, на некои краткорочно, додека, пак, за некои помошта е долгорочна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...