Семејството Рајман, една од најбогатите германски фамилии, сесрдно ги подржувала нацистите за време на нивното владеење и била корисник на принудената работна сила, објави „Билд ам зонтаг“.
По објавувањето на овие откритија, наследниците не криеле дека се посрамотени и најавиле дека ќе подарат 10 милиони евра во добротворни цели.
Имено, „Билд ам зонтаг“, објавил документи во кои се открива дека таткото и синот, Алберт Рајман Сениор и Алберт Рајнер Јуниор, ги користеле руските цивили и француските заробеници како присилни работници.
Питер Харф, портпарол на семејството, кој е на чело на компанијата „Рајман ЈАБ“, потврдил дека наводите на „Билд“ се точни. Тој рекол дека семејството никогаш не зборувало за нацистичката ера, но доказите потврдуваат дека таткото и синот, кои починале во 1954 односно 1984, заслужуваат затворска казна.
Богатството на семејството во чие сопствеништво се некои од најпознатите светски брендови како: „Јакобс“, „Калгон“, „Вела“ и други, се проценува на 33 милијарди евра.
ФОТО: МИА