Tамара замина за Тел Авив, ќе ја снима својата евровизиска разгледница ФОТО

Таа замина во Израел за да ја сними својата разгледница наменета годинашниот европски музички натпревар Евровизија, што ќе се одржи во Израел.

271

Нашата евровизиска претставничка Тамара Тодевска вчера замина во Израел, каде ќе ја сними евровизиската видео разгледница.

„Не сум утрински човек, но навистина му се радувам на своето прво патување во Израел, за да ја снимам мојата евровизиска разгледница. Ве сакам сите“, напиша Тодевска на својот профил на социјалната мрежа до својата фотографија од аеродромот.

Таа замина во Израел за да ја сними својата разгледница наменета годинашниот европски музички натпревар Евровизија, што ќе се одржи во Израел.
На овој фестивал Тамара ќе настапи со песната „Proud“, песна што веќе доби голем број позитивни реакции.

Македонската преставничка ќе настапи на 16 мај, во втората полуфинална вечер.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...