Кинотеката почнува акција за подигнување на еколошката свест. Од 1 април секој љубител на филмот кој ќе дојде на проeкција со велосипед ќе добие бесплатна влезница за кино проекциите за тој ден.
Акцијата трае до крајот на април. Потоа велосипедистите ќе плаќаат половина од влезницата.