Во знак на протест, кралот на Јордан ја откажа посетата на Романија

323

Кралот на Јордан, Абдула Втори ја откажа посетата на Романија во знак на протест поради тоа што романската премиерка Виорика Данчила го поддржа признавањето на Ерусалим како главен град на Израел.

Кралскиот Хашемитски суд соопшти дека одлуката доаѓа во време на „солидарност со Ерусалим“.

Данчила на прес-конференција во Вашингтон изјави дека нејзината држава ќе ја пресели амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, а подоцна се обиде да ја ублажи изјавата велејќи дека тоа е нејзин личен став.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...