Ќерката на Том Круз и Кeјти Холмс во бегалски камп во Грција ФОТО

Кампот Морија е сместен на грчкиот остров Лезбос, а лани беше во сите медиуми претставен како место со страшни животни услови.

746

Холивудската актерка Кејти Холмс не е многу активна на Инстаграм, но овојпат сподели семејни фотографии на својата ќерка Сури Круз додека си игра со децата во бегалскиот камп Морија во Грција.

Кејти и Сури поминале извесно време во кампот со децата и со нивните мајки. Кампот Морија е сместен на грчкиот остров Лезбос, а лани беше во сите медиуми претставен како место со страшни животни услови.

Пред сè, кампот е пренаселен. Има капацитет од 2.000, а во него живеат 9.000 бегалци. Приказните од кампот се страшни , како онаа на докторот од организацијата „Лекари без граници“, Деклан Бари, кој наведува дека силувањата се секојдневие , па дури и на петгодишни деца. И папата Франциско при неговата посета на Лезбос го спореди кампот со концентарационен логор.

Со оваа посета Кејти Холмс и нејзината ќерка сакаа повторно да се обрне внимание на нехуманите услови во кампот. По сè изгледа и двете учествуваа во снимањето на документарен филм за кампот, зашто на фотографијата се гледа и камера во позадина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...