Со помош од Државна видеолотарија „Пелистер“ ќе се натпреварува во скијање во Франција

Државна видеолотарија донираше 100.000 денари на скијачкиот клуб „Пелистер“ од Битола. Наша цел е да им овозможиме на младите скијачи да добијат шанса да бидат дел од меѓународни натпревари, велат од ДВЛ.

210

Со 100.000 денари донација, Државната видеолотарија (ДВЛ) го помогна скијачкиот клуб „Пелистер“ од Битола. Со овие средства младите и талентирани скијачи, кои се дел од овој клуб, добиваат нов предизвик и мотив, да учествуваат во национални и меѓународни скијачки натпревари за сезоната 2018/2019. Децата скијачи од овој клуб, благодарение на оваа донација, во април, ќе отпатуваат во Франција за да бидат дел од едно меѓународно натпреварување, во кое ќе ја претставуваат нашата земја.

– Децата амбициозно и мошне сериозно работеа на подготовките, па со силен мотив, ќе заминат во Франција. Ние се надеваме дека и од ова меѓународно натпреварување, ќе се вратат во Битола со добри пласмани и медали – велат од ДВЛ.

Државна видеолотарија на РМ, во склоп на својата општествено одговорна мисија, ќе настојува и во иднина да ги мотивира и поддржува младите и талентирани луѓе.

– Нашата цел е да обезбедиме да се негуваат спортскиот дух и вистинските вредности, особено кај најмладите, кои се наша иднина. Државна видеолотарија сериозно ќе се заложи да им овозможи пристојни услови, за да можат непречено да се фокусираат на своите цели – додаваат оттаму.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...