Балетот „Рајмонда“ во Македонската опера и балет

116

Македонската опера и балет вечерва ќе го изведе балетот во два чина „Рајмонда“ од Александар Глазунов, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.

Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Васил Чичијашвили од Грузија, гостинот од Италија, Давиде Буфоне, и Наташа Јосифовска. Ќе настапи целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент е Едуард Амбарцумјан од Русија.

Костимите и сценографијата се изработени во ателјето на МОБ под менторство на Гана Ипатиева и Андреј Злобин од Украина.

Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на романтизмот кога доминираат теми за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа. Светската премиера на балетот била во Маринскиот театар во Санкт Петербург во 1898 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...