Џенифер Лопез и Алекс Родригез рекламираат очила за сонце

104
ФОТО: Инстаграм

Новопечените свршеници Џенифер Лопез и Алекс Родригез се поврзаа и во модниот свет, за новата кампања за очила за сонце на брендот Квеј Австралија.

– Квеј Австралија е еден од моите омилени брендови откако ги открив пред неколку години. Се вљубив во нив и оттогаш редовно ги носам. Кога се појави можноста за соработка, веднаш знаев дека тоа е полн погодок. А, тоа што работев со Алекс, беше само голем бонус. Тој исто така сака очила за сонце, како и јас, изјави Џенифер Лопез.

Сликите од кампањата се дело на Саша Самсонова, а сесијата се одржа во Мајами. Од „мачкини очи“ до авијатичарскиот модел, овие дизајни совршено ќе го истакнат секој стил за летниот период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...