Ѝ откриле рак на 21 година: Повеќе не користам производи со овие состојки

Таа додала дека донела свесна одлука дека ќе се откаже од производите кои дотогаш ги користела и ќе се префрли на нетоксична нега на кожа.

1750

„На 21 година ми дијагностицираа лимфом, па си зададов задача да го истражам својот стил на живот и да се информирам за начините на кои можам да влијаам на исходот од лекувањето. Среде исцрпно пребарување на интернет, открив дека она што го ставаме на нашите тела е подеднакво значајно како и она што го внесуваме во нив. Нашата кожа е нашиот најголем орган, кој впива најмногу работи”, напишала во својата статија за „Who What Wear“ Рачели Алкобеј.

Таа додала дека донела свесна одлука дека ќе се откаже од производите кои дотогаш ги користела и ќе се префрли на нетоксична нега на кожа.

„Можам да кажам дека три години немам рак и сакам да верувам дека тоа е поради мојата нетоксична рутина. Сакам со другите да ја споделам листата на потенцијално штетните производи кои ги отфрлив“, напоменала таа.

Кога станува збор за производите кои не ги користи, клучни биле состојките во нив.

„Нема исклучок кога станува збор за парабените, натриумов лаурил-сулфат, оловото, вештачките парфеми и алуминиумот. Овие состојки се наоѓаат во голем дел од вообичаените препарати за нега на кожата, како што се вештачките дезодоранси, средства за чистење на кожата и парфеми што ги користев пред дијагнозата. Ризиците што ги носат овие производи може да бидат благи како акни или сериозни како нарушени нивоа на естрогенот, што може да доведе и до рак. Важно е постојано да ги читате етикетите на производите и да се грижите за својот најголем орган свесно”, тврди Рачели.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...