Великаните на српското глумиште на поштенски марки

На поштенските марки се ликовите на Велимир Бата Живојиновиќ, Љубиша Самарџиќ, Небојша Глоговац...

187

На Светскиот ден на театарот, 27 март, во театарот „Ателје 212“ Здружението на драмски уметници на Србија ќе ја претстави пригодната поштенска марка по повод одбележување 100 години од постоењето, како и марки од новата серија „Великани на српското глумиште“.

На поштенските марки се ликовите на Велимир Бата Живојиновиќ, Љубиша Самарџиќ, Мира Ступица, Слободан Алигрудиќ, Предраг Лаковиќ, Соња Савиќ, Милорад Мандиќ и Небојша Глоговац.

Во соработка со јавното претпријатие „Пошта Србија“, Здружението на драмски уметници на Србија до сега објави серија од неколку поштенски марки со ликови од познати глумци кои починаа.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...