Во Бразил пукано врз конвој на поранешниот претседател

83

Непознати напаѓачи пукале врз два автобуси од изборниот конвој на поранешниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва, но никој не е повреден, изјави портпаролот на Силва, Хосе Криспинијано.

Според него, ниту во еден од двата автобуси, во кои имало гости и новинари, не бил Силва.

Да Силва моментално е на турнеја низ Бразил за да добие поддршка за нов претседателски мандат во октомври годинава, но нему му се суди за корупција поради што најверојатно ќе оди во затвор.

За време на турнејата, поради изборниот караван на Да Силвиа во неколку градови беа организирани протести.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...