Потресни сведоштва на жени: Ги купуваат, а потоа ги силуваат додека не забременат

Жените кои ги продаваат во Кина не само што не добиваат поддршка како жртви, туку заминуваат и во затвор поради кршењето на миграциските закони.

991

Властите во Бурма и Кина замижуваат на трговијата со жени од народот Качин во Мјанмар, кои се пренесуваат преку граница, ги продаваат на мажите во Кина, каде постојано ги силуваат додека не останат бремени, пишува „Гардијан“.

На некои жени им е дозволено да се вратат дома откако ќе родат деца, но се присилени да ги остават децата, според извештаите на „Хјуман Рајтс Воч“ (HRW).

– Родив дете, а после една година Кинезот ми даде избор. Добив дозвола да одам дома, но без бебето – изјавила една од жените кои се продадени.

Во Кина бројот на жени е драстично опаднат од 1987 година, истражувачите наведуваат дека факторите како абортусот во зависност од полот на детето, инфантицидот и занемарувањето на новородените девојчиња значи дека во Кина има 30 до 40 милиони „исчезнати“ жени, кои денес би требало да бидат живи, а не се.

Оттука многумина мажи денес не можат да најдат жени, па ги купуваат од околните сиромашни земји.

Жените од народот Качин од Мјанмар, ги криумчарат нивните семејства и роднини, пријатели и други луѓе на кои тие им веруваат. Често им се нуди работа во Кина, а дури откако ќе ја преминат границата сфаќаат дека се продадени како сексуални робови.

– Мене ме убеди мојата тетка – изјавила една жена која била продадена кога имала 17 години. ХРВ во периодот од три години разговарал со околу 40 жртви кои успеале да побегнат или им било дозволено да заминат без децата.

Владата на Мјанмар во 2017 година забележала 226 вакви случаи, но експертите сметаат дека таа бројка е далеку поголема.

Жените кои ги продаваат во Кина не само што не добиваат поддршка како жртви, туку заминуваат и во затвор поради кршењето на миграциските закони.

Во извештајот на ХРВсе наведува дека мјанмарските власти во неколку наврати ги уапсиле само оние кои во Мјамнар ги продавале жените, додека кинеската полиција не привела никого од оние кои ги купувале „невестите“ и ги злоставувале.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...