Двајца пилоти запознале стјуардеси на плажа: Дружењето се претворило во хорор

Пилотите на авиокомпанијата се обвинети дека во текот на летот во Сан Хуан се напиле, па дрогирале и силувале две од трите девојки кои ги запознале на 9 мај минатата година на плажа.

2213

Двајцата пилоти Ерик Џонсон и Ден Вотсон од авиокомпанијата „ЏетБлу“ се наоѓаат пред суд поради тужби од три стјуардеси кои ги обвинуваат за дрогирање и силување.

Пилотите на авиокомпанијата се обвинети дека во текот на летот во Сан Хуан се напиле, па дрогирале и силувале две од трите девојки кои ги запознале на 9 мај минатата година на плажа.

Како што се наведува, тие по дружењето со девојките на плажа ги повикале кај нив во соба, каде прво им дале пиво во кое било ставена дрога, поради што на жените останатиот дел од ноќта им бил многу магловит.

Третата жена го избегнала силувањето бидејќи после внесувањето на пивото со дрога во организмот, почнала да повраќа.

На сите жртви во текот на судењето им бил заштитен идентитетот.

Во текот на изнесувањето на доказите жртвите го опишале злочинот во кој, како што изјавиле, биле немоќни да направат што било за да се заштитат, иако биле свесни што се случува, додавајќи дека третата жртва, кога Џонсон и Вотсон тргнале кон неа, почнала да повраќа поради количината на дрога која ја имала во организмот, што ја спасило од силување.

На крајот од тортурата Џонсон на една од жртвите ѝ се „заблагодарил што му ја исполнила фантазијата“.

Откако девојките се разбудиле наредниот ден, се чувствувале изморено и не можеле да веруваат што им се случило.

После тоа, ги пријавиле пилотите во нивната авиокомпанија, но никогаш не се преземени никакви мерки против нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...