Хрватскиот Совет за одбрана на синоќешната седница ја прифати понудата на Израел као најповолна за набавка на повеќенаменски борбени авиони и даде препорака до Владата за донесување одлука, соопшти хрватската Влада.
Седницата на Советот за одбрана ја свикаа претседателката на Хрватска Колинда-Грабар Китаровиќ и премиерот Андреј Пленковиќ, а една од темите беше и набавката на повеќенаменски борбени авиони.
Ако Владата го прифати овој предлог, Хрватска ќе купи 12 половни модернизирани израелски борбени авиони Ф-16 Барак по цена од околу 420 милиони евра, а станува збор за летала кои се стари меѓу 25 и 30 години и кои ќе ги заменат дотраените МИГ 21 на Хрватското воено воздухопловство.
Китаровиќ и Пленковиќ синоќа изјавија дека одлуката е донесена едногласно, водејќи сметка за националните интереси, ано и финансиските можности и целокупната состојба во Хрватска.