Исламска држава поразена, сириски сили го чистат теренот

Ставен е крај на самопрогласениот Калифат на т.н. Исламска држава. Остварена е воена победа над ИД, изјави портпаролот на СДФ,

141

Портпаролот на бунтовничката алијанса Сириски демократски сили (СДФ), Мустафа Бали изјави дека по победата над џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, нејзините борци ќе продолжат со борбата против екстремистите се до нивното „целосно истребување“.

Бали нагласи дека ИД, која до лани држеше под контрола големи делови од териториите на Сирија и Ирак, сега е целосно поразена.

– Ставен е крај на самопрогласениот Калифат на т.н. Исламска држава. Остварена е воена победа над ИД- изјави портпаролот на СДФ, кои ја имаат поддршката на САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...