Исламската држава во Сирија е комплетно поразена, тврди Белата куќа

132

Белата куќа денеска соопшти дека Исламска држава во Сирија е поразена и оти нема повеќе територии под контрола на екстремисти.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс потврди дека целата територија на Сирија е „сто отсто ослободена од терористи“.

Сандерс додаде и дека министерот за одбрана на САД Патрик Шанахан за ова го известил американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа на новинарите им покажа мапа на Ирак и Сирија на која се гледа  дека терористичката група повеќе не контролира ниту една област во регионот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...