Закани од бомби во Москва

86

Две градинки и 11 училишта во Москва денеска примиле анонимни дојави за бомби, а во исто време биле евакуирани и две илјади лица од зградата на бизнис центарот „Станиславски“ откако анонимно лице телефонски предупредило дека во објектот исто така има бомба.

Зградата, во која, меѓу другите, се и просториите на Радио-7, театарско студио и студија на компанијата „Волт Дизни“, и претходно добивала закани за подметнати бомби, потсетуваат руските медиуми.

Некои објекти веќе се проверени и не е пронајдена никаква опасност од евентуална експлозија.

Изминатите месеци непознати лица преку меил испраќаа закани за поставени експлозивни направи во бизнис центри, продавници и училишта во поширокиот регион на Москва.

Сите закани се проверени и сите до една се покажаа како невистинити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...