И додека е првото дете стереотипно поинтелигентно, науката вели дека второденото дете најверојатно ќе развие некои непосакувани особини помеѓу кои се истакнува палавоста.
Научниците собрале податоци за илјада браќа и сестри во Данска и САД, за да откријат дека второродените деца, посебно момчињата, 20-40 отсто се помалку дисциплинирани во училиште и имаат поголем потенцијал да развијат социјално девијантно однесување понатаму во животот.
„Со сигурност можам да истакнам дека наодите се извонредни, затоа што второродените деца во спредба со нивниот постар брат или сестра имаат многу поголема веројатност дека ќе завршат во затвор, многу е поверојатно дека ќе бидат казнувани во училиште, како и дека ќе станат деликвенти“, рекол Џон Дојл, водечкиот истражувач.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Unsplash