Протести во Казахстан, десетици приведени

224
ФОТО: МИА

Полицијата во Казахстан денеска приведе десетици учесници во антивладини протести, организирани во два града од опозицискиот политичар Мухтар Абљазов, кој го обвини доскорешниот претседател Нурсултан Назарбаев дека планира власта да ја препушти на својата ќерка Дарига.

Претходно неделава Дарига Назербаева беше избрана за претседателка на Сенатот, откако дотогашниот претседател Касим-Жомрат Токаев пред два дена е именуван за шеф на државата.

Претседателските избори во казахстан се предвидени за следната година.

На 19 март, неочекувано Нурсултан Назарбаев, по 30 години на власт, поднесе оставка на функцијата претседател на државата. Сепак тој задржа дел од овластувањата и како претседавач на Советот за безбедност телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, кој изразил уверување дека периодот на транзиција ќе мине во најдобар ред.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...