Бил уби­ец и си­лу­вач, а по­тоа станал му­зич­ка ѕвез­да: Шетал на слобода 27 години

От­ка­ко Рој го из­вршил сви­репо­то убис­тво, а по­ли­ци­ја­та ни­ка­ко не мо­же­ла да го пов­рзе со тоа, тој про­дол­жил ре­чи­си три де­це­нии да си гра­ди сво­ја му­зич­ка ка­ри­ера.

731

Чо­век што пред 27 го­ди­ни ја си­лу­вал, а по­тоа и ја убил со­сет­ка­та што ра­бо­те­ла ка­ко учи­тел­ката, за сво­е­то зло­де­ло ќе би­де каз­нет по ре­чи­си три де­це­нии. Имено, во грат­че што се на­о­ѓа во бли­зи­на на Пен­сил­ва­ни­ја во САД, на 21 де­кем­ври 1992 го­ди­на наставнич­ка­та Крис­ти Мај­рак во­оп­што не се по­ја­ви­ла на ра­бота, што во­оп­што не личело на до­то­гаш­но­то од­не­су­ва­ње на то­гаш 25-го­диш­на­та де­војка.

Спо­ред све­до­че­њата, оние што доб­ро ја поз­на­ва­ле нас­тав­нич­ката, вед­наш зна­е­ле де­ка ѝ се слу­чи­ло неш­то лошо, за­тоа што са­мо еден ден прет­ходно, таа па­ку­ва­ла по­да­ро­ци за сво­и­те уче­ни­ци што тре­ба­ло да им би­дат по­де­ле­ни ток­му на де­нот на неј­зи­но­то ис­чез­ну­вање.

Прв да про­ве­ри што се слу­чува, во неј­зи­на­та ку­ќа прис­тигнал ди­рек­то­рот на училиштето, кој за­бе­ле­жал де­ка влез­на­та вра­та од до­мот би­ла оби­ена, а ко­га вле­гол, го ви­дел мр­тво­то те­ло на мла­да­та нас­тав­нич­ка ка­ко ле­жи на по­дот.

Таа би­ла об­ле­че­на во зим­ски ка­пут, а на раце­те но­се­ла ра­ка­вици, ка­ко да би­ла спремна да тр­гне на ра­бота, но од по­ло­ви­на­та на­до­лу би­ла гола, што вед­наш да­ло при­чи­на за сом­неж де­ка де­вој­ка­та пред да би­де уби­ена, би­ла си­лу­вана. Во бли­зи­на на те­ло­то се на­о­ѓал дрвен пред­мет што бил прек­ри­ен со крв и кој бил ко­рис­тен ка­ко оружје.

То­гаш по­ли­цис­ка­та ис­тра­га по­ка­жа­ла де­ка Крис­ти се под­гот­ву­ва­ла да тр­гне на ра­бо­та ко­га не­кој ѝ за­ѕво­нил на врата. Таа му от­во­ри­ла за да влезе, а уби­е­цот нај­првин ја сов­ла­дал на земја, ја си­лу­вал, а по­тоа ја убил. Уште то­гаш на мес­то­то на убис­тво­то била про­нај­де­на ДНК од уби­е­цот, но то­гаш по­ли­ци­ја­та ни­ка­ко не мо­же­ла да ут­врди за ко­го ста­ну­ва­ло збор.

Го­ди­ни­те ми­ну­вале, а уби­е­цот на нас­тав­нич­ка­та не бил нај­ден. Се­пак, и по­сле тол­ку го­дини, по­ли­ци­ја­та и по­на­та­му про­дол­жи­ла да ба­ра од­го­во­ри за ова убис­тво, па за­тоа што тол­ку дол­го вре­ме не наш­ле кој е уби­е­цот, ре­ши­ле со по­мош на ДНК да нај­дат некои род­ни­ни на уби­е­цот што, пак, би ги од­ве­ло до вис­тин­ски­от прес­тап­ник.

Ду­ри на тој на­чин по­ли­ци­ја­та му се доб­ли­жи­ла на уби­е­цот. Тие со спо­ред­ба­та на ДНК ја наш­ле по­лу­сес­тра­та на чо­век по име Реј­монд Роу, кој жи­ве­ел на са­мо не­кол­ку километ­ри од до­мот на уби­е­на­та нас­тав­ничка. Се прет­поста­ву­ва де­ка тој дол­го вре­ме ја наб­љу­ду­вал нас­тав­нич­ката, ко­ја спо­ред све­до­че­ња­та на неј­зи­ни­те при­ја­телки, многу чес­то го по­се­ту­ва­ла ло­ка­лот ка­де што то­гаш Роу нас­та­пу­вал.

От­ка­ко Роу го из­вршил сви­репо­то убис­тво, а по­ли­ци­ја­та ни­ка­ко не мо­же­ла да го пов­рзе со тоа, тој про­дол­жил ре­чи­си три де­це­нии да си гра­ди сво­ја му­зич­ка ка­ри­ера. Тој толку мно­гу ста­нал по­пу­ла­рен што мно­гу­па­ти до­би­вал и по­фал­ни­ци и бла­го­дар­ни­ци за сво­и­те дос­тиг­ну­вања, а чес­то­па­ти бил прог­ла­су­ван и за ло­кал­на му­зич­ка ѕвезда.

Тој е познат под уметничкото име диџеј Фриз.

Фото:lancasteronline.com/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...