Пејачката Анабела Атијас имала само 20 години кога се соочила со страшната болест, но благодарение на лекарите и нејзината желба да оздрави успеала да го победи ракот на дојката.
– Тоа ми се случи одамна на само 20 години, се оперирав во Шведска во 1995 година и ја имав таа среќа при разговор со една пријателка да слушнам за прегледите, односно момографијата. Внимателно ја слушав пријателката која ми зборуваше дека самоконтролата е многу важна и, ете, по игра на случајност тоа ми остана во глава, а потоа ми беше откриен и ракот. Тој петок се враќав од диско, отидов да се туширам и на допир почувствував грутка. Веќе во понеделникот, веднаш отидов на лекар, ми направија биопсија и во рок од три дена ми закажаа операција – раскажува за српски „Телеграф“ Анабела.
Пејачката вели и по успешната операција повторно се плаши секој пат кога прави некаков преглед, а неодамна поминала низ вистински пекол откако видела дека гинеколошките резултати не се добри, апелира до сите жени редовно да посетуваат лекар и да прават прегледи.
– Таа болест е подмолна, ја чувствуваме кога веќе ќе биде доцна – додава Анабела.