Првиот европски подводен ресторан беше отворен синоќа во Норвешка, а до сега место за ручек меѓу морската флора и фауна резервираа 7.000 гости.
Ресторанот е сместен во јужниот дел на Норвешка и потсетува на голема бетонска цевка. Потопен е во Северното Море и се вика „Under“, што на норвешки значи „Чудо“.
Дизајнот е на компанијата „Снехет“, која ги изработи нацртите и за Операта во Осло, како и за меморијалниот музеј за жртвите на 11 септември во Њујорк. Влезот изгледа како да се влегува во сауна, зашто дрвените даски го прекриваат неговиот горен дел.
По скалите долги осум метри се влегува во салата, во која се сместуваат околу 40 гости. Просечната цена е 3.700 норвешки круни, а по свеченото отворање синоќа, ресторанот за гости ќе биде отворен од почетокот на април.
ФОТО: Принтскрин/ Ројтерс