„Животот е прекрасен“ за Светскиот ден на театарот

333

Македонскиот народен театар ќе го даде својот придонес кон одбележувањето на 27 март – Светски ден на театарот – со изведбата на претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман во режија на Александар Морфов, соопшти МНТ.

Самиот режисер за претставата еднаш рече дека „не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туку за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен“. Дозволете си и вие преку театарската уметност да ја откриете убавината на животот.

Традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги сподели Македонскиот центар на ИТИ. Автор на меѓународната порака за Светскиот ден на театарот – 27 март е Карлос Селдран – режисер, драмски писател, театарски едукатор и професор од Куба, додека автор на македонската порака за 2019 година е драмскиот писател Југослав Петровски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...