Патописна книжевност во француски стил денеска на Филолошки

67

институт – Скопје денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира предавање за патописната книжевност со новинарот и писател Жан-Лук Коаталем и библиотекарот и историчар Рони Демеснер од Франција.

Покрај предавањето „Сегален и Рембо, вкрстени портрети“, во холот на факултетот ќе биде отворена и изложбата „Патување во слики“ на швајцарскиот писател и патописец Никола Бувие, за што за оваа пригода се отстапени документи од библиотеката во Женева.

Предавањето и изложбата се дел од серијата настани за одбележување на Франкофонијата, а годинава посветени на делото на Бувие. Се организира во соработка со Амбасадата на Швајцарија и Филолошкиот факултет на УКИМ.

Писателот и новинар со потекло од Бретања, Жан-Лук Коаталем, пишува за различни списанија на тема патувања. Овој патописец ги има објавено расказите „Мисијата во Парагвај“ и „Патување во Виетнам“, како и комичните романи „Капетан“ и „Синот на факирот“.

Вториот предавач гостин од Франција, Рони Демеснер, е библиотекар и историчар, кој соработува со неколку списанија. Пет години анимира книжевни средби во Bozar. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...