Во Штип „Плати кафе со поезија“

205

Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип заедно со библиотеката „Гоце Делчев“-Штип денеска го одбележаа 21 март, Светскиот ден на поезијата. Студенти, средношколци и ученици заедно пишуваа и рецитираа, а воедно беа дел од настанот „Плати кафе со поезија“.

– Целта ни е на едно место да ги собереме сите љубители на јазикот, на убавиот збор и да ги мотивираме што повеќе да творат и пишуваат. Без јазик, мислата останува неистражена маглина, во која сите ние се наоѓаме, рече деканот на Филолошкиот факултет при УГД Штип, Драгана Кузмановска.

Соња Манева од штипската библиотека истакна дека како еден од организаторите на настанот се надеваат на поголема промоција на поезијата меѓу младите, како и афирмирање на ставот дека литературата е мост за сплотување, обединување и градење на трајни вредности.

Во исто време и Советот на млади –Штип организираше ваков настан во едно од штипските кафулиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...