Раперот Шеги на кралската венчавка ќе донесе марихуана

Принцот Хари и Меган Маркл ќе се венчаат на 19 мај, во капелата „Сент Џорџ“ во дворецот Виндзор.

190

Сè уште чекам покана. На свадбата ќе донесам марихуана, бидејќи без тоа нема добра забава, рекол раперот Шеги (49). Инаку, кралското семејство го ангажирало раперот да пее на прославата на 92-риот роденден на кралицата Елизабета Втора. И на тој настап, рекол, ќе донесе марихуана.

– Сакам сите добро да се забавуваме – музичарот се пошегувал. Тој додал и дека регето и марихуаната би можеле да му помогнат на човештвото во борбата против тероризмот.

– Мислам дека оние што слушаат таква музика и консумираат марихуана нема никому да му ја отсечат главата – смета Шеги.

Принцот Хари и Меган Маркл ќе се венчаат на 19 мај, во капелата „Сент Џорџ“ во дворецот Виндзор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...