Момче (13) ја искасапило мајка си бидејќи му го убила кучето ФОТО

Полицијата во понеделникот го фатила момчето откако во нивната куќа било пронајдено телото на мајката, се наведува во соопштението.

286

Тинејџер од Кина е задржан поради убиство на својата мајка, која ја искасапил со секира, откако го убила неговото куче.

Тинејџер (13) ја убил мајката (37) после расправија во саботата навечер во нивната куќа, откако мајката пред него го убила миленичето.

Полицијата во понеделникот го фатила момчето откако во нивната куќа било пронајдено телото на мајката, се наведува во соопштението.

Сопственикот на блиската продавница рекол дека мајката била многу строга кон својот син.

„Детето сакаше да си игра со своето милениче по цел ден, па затоа мајката го фрлила и убила пред момчето“, рекол сопственикот, додавајќи дека жената имала продавница за облека во блискиот трговски центар.

За време на жестоката расправија, момчето земало секира и ја убило мајката. Вработените во блиското населено место велат дека таткото на детето бил работник-мигрант кој поголемиот дел од годината го поминувал далеку од куќата.

Во понеделникот наутро полицијата го пронашла момчето во ресторан, откако таму поминал повеќе од еден ден.

Персоналот на ресторанот рекол дека нарачал чаша вода и го изел кексот кој го донел со себе. Исто така со себе ја носел и својата училишна торба.

Случајот и понатаму е под истрага.

Според кинескиот закон, децата помлади од 14 години не можат кривично да одговараат. Тие помеѓу 14 и 16 години можат да бидат уапсени и обвинети за дела како што се убиство, кражба и силување.

Исто така, казнено-поправните установи за малолетници прифаќаат само тинејџери помеѓу 14 и 18 години.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...