Погледнете какви фраери се Бред Пит и Леонардо Дикаприо во трејлерот на „Беше еднаш во Холивуд“ ВИДЕО

„Беше еднаш во Холивуд“ е сместен во 1969 година, и го следи холивудскиот актер Рик Далтон (Леонардо Дикаприо) и неговиот долгогодишен каскадер Клиф Бот (Бред Пит).

936

Објавен е првиот трејлер за долго очекуваниот филм Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood), во кој главните улоги ги играат Леонардо Дикаприо и Бред Пит.

Тарантино, кој го напиша сценариото и го режираше и продуцираше филмот, бил инспириран од подемот на хипи културата во Лос Анџелес, во шеесетите години во минатиот век, на која ѝ сведочел како момче.

„Беше еднаш во Холивуд“ е сместен во 1969 година, и го следи холивудскиот актер Рик Далтон (Леонардо Дикаприо) и неговиот долгогодишен каскадер Клиф Бот (Бред Пит) кои живеат во соседството на актерката Шерон Тејт (Маргот Роби), жртва на озлогласениот култ на Чарлс Менсон.

Во филмот играат уште и неодамна починатиот Лук Пери, Ал Пачино, Демиан Луис и Тим Рот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...