Украинскиот претседател Петро Порошенко нареди да бидат воведени нови санкции кон руски компании и граѓани кои се вмешани во градежни активности на Крим.
На листата за санкции се и имињата на руски пратеници.
Санкциите се однесуваат на лица кои се вмешани во изградба на Керченскиот мост, кој ги поврзува Русија и Крим.
Со указот на Порошенко се предвидуваат и санкции против организаторите на локалните избори во регионите на источна Украина, што се под контрола на проруските сепаратисти.
Крим беше анектиран во 2014 година од Русија.
ФОТО: EPA / MYKHAILO MARKIV / POOL