Подгответе се за корекција на даночните пријави, УЈП ќе ги доставува во април

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници. 

1155

Претпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во текот на 2018 година граѓаните ќе ги добиваат од почетокот на наредниот месец, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

„Граѓаните електронски ќе ја добиваат годишната даночна пријава. Годишните даночни пријави Управата за јавни приходи треба да ги достави најдоцна до 30 април, а граѓаните да ја коригираат или да ја потврдат имаат рок до 31 мај годинава“, соопшти УЈП.

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...