Еден од најголемите балкански и светски музичари на денешнината, Горан Бреговиќ на 22 март доаѓа на концерт во Скопје. Заедно со него на сцената ќе бидат и музичарите на Македонската филхармонија со кои Бреговиќ ќе го изведе своето најново дело „Три писма из Сараево“.
22 март е, всушност, денот на неговиот роденден, па македонската публика ќе биде привилегирана заедно со него да слави во Скопје.
Инаку албумот „Три писма од Сараево“ е најпродаван Етно волрд албум во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, а Бреговиќ за него доби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада. Рецензиите беа објавени и во престижниот британски весник „Гардијан“.
Горан Бреговиќ е роден на 22 март, така што токму на денот на спектакуларниот концерт во Скопје, славниот музичар ќе го слави својот роденден.