Додека полицајката имала секс со шефот, ќерка ѝ умирала во најголеми маки: Ја оставила четири часа заклучена во автомобилот

Кога Кеси по четири часа дошла по својата ќерка, девојчето не реагирало. Нејзината телесна температура била 41 степен кога таа била примена во болница.

1820

Кеси Баркер (29) од Мисисипи се изјаснила како виновна за смртта на својата тригодишна ќерка Чајен Хајер која починала на 30 септември 2015 година откако ја оставила врзана за детското седиште во автомобилот, во рок од четири часа. За тоа време, Кеси имала секс со својот тогашен шеф во полицијата, каде работела како службеничка.

Како што се наведува, таа го вклучила клима-уредот, но тој не бил исправен, а поради тоа девојчето умирало во огромни маки. Според сведочењето на судот, Баркер и во 2015 година го оставила детето во автомобилот на подолг период, по што била суспендирана од работа. Таткото на девојчето, Рајан Хајер, изјавил дека не бил запознаен со овој случај и дека за него дознал во текот на судењето.

На кобниот ден, таа отишла кај Кларк Ладнер рано наутро и таму заспала, додека Кларк тврдел дека не знаел дека нејзината ќерка била во автомобилот и дека испил апчиња за спиење. Иако не е обвинет, и тој добил отказ од работното место од страна на полицијата во Лонг Бич.

Кога Кеси по четири часа дошла по својата ќерка, девојчето не реагирало. Нејзината телесна температура била 41 степен кога таа била примена во болница.

– Не знам што би можел да ти направам, а да е полошо од тоа што веќе сама си го искусила. Засекогаш ќе останеш во затвор во внатрешноста на својот ум – ѝ рекол судијата Лери Буржоа.

Обвинителите за ваквото убиство бараат 20 години.

Таткото на девојчето одлучил да покрене приватна тужба против полицијата во Лонг Бич како и одделението за детска заштита на државата Мисисипи затоа што требало поригорозно да дејствуваат во првиот случај на прекршок на неговата жена, додавајќи дека неговата ќерка би била жива доколку се случело тоа.

– Како родител, вие мора да го штитите детето, а Чајен ја нема бидејќи нејзината мајка не ја заштитила не еднаш, туку два пати – изјавил Рајан.

Кеси, по смртта на нејзината ќерка била хоспитализирана поради шокот кој го претрпела. Иако ѝ било дијагностицирано посттравматско стресно растројство кое ѝ се припишува поради трауми од детството и смртта на ќерката, таа се смета за способна да ѝ се суди.

Фото: Принтскрин/Јутјуб/WKRG

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...