Отворен Музеј на баклава во Турција

149

Професор Огузхан Сајгили, инспириран од Музејот на чоколадо во Германија, одлучил да основа Музеј на баклава во турскиот град Газијантеп, познат по овој десерт.

Посетителите шест дена во седмицата имаат можност да се запознаат со сите фази на правењето баклава и да ја дегустираат. Сајгили изјавил дека многу сериозно пристапил кон подготовките и дека долго барал место за музејот.

– Подготвителната фаза траеше три години. По долгогодишна работа, пред два месеца добивме статус на музеј – изјавил Сајгили и додал дека има сè помалку мајстори што рачно изработуваат кори за баклава и дека машините сè почесто ги заменуваат луѓето.

Оваа уметност, додал Сајгили, треба да се одржи во живот. Посетителка истакнала дека сфатила дека во правењето баклава има многу детали и дека тоа бара многу труд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...