Франција распоредува војници низ земјата за заштита од жолтите елеци

115
Photo: EPA / IAN LANGSDON

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека ширум земјата ќе бидат распоредени војници за да помогнат во одржувањето на безбедноста за време на протестите на жолтите елеци планирани за овој викенд.

Макрон изјави дека армијата ќе обезбедува владини згради и други локации, за да им овозможи на полициските сили да се фокусираат на одржување на јавниот ред и мир.

Околу 7.000 војници, од кои повеќето се вооружени со автоматски пушки, веќе се распоредени ширум земјата во рамките на операцијата Сентинел, како што ја нарекува армијата, осмислена со цел заштита на чувствителни локации по смртоносните напади во 2015 година.

Француската Влада во понеделникот објави нови мерки за безбедност и забрана на протестите на жолтите елеци долж авенијата Шанс-Елизе (Елисејски полиња) во Париз и во два други градови, по немирите во саботата во кои беа уништени продавници со луксузна стока.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...