Третиот пензиски столб ќе се потпре на „Заваровалница Триглав“

161

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) денеска издаде дозвола за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.

Од Агенцијата соопштија дека, заедно со дозволата издале и условни одобренија за управување со задолжителен пензиски фонд и за управување со доброволен пензиски фонд на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.

– Овие одобренија се условни до основање на друштвото и упис на пензиското друштво во Централен регистер на Република Северна Македонија – нагласија од МАПАС.

Посочија дека со тој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и се претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...