Нови откритија: Раното давање кикирики на бебињата може да ги спречи алергиите?

Воведувањето на кикирики на рана возраст може да им помогне на некои бебиња да ги избегнат алергиите , според новиот водич на Американската академија за педијатрија (ААП).

429

Упатствата, објавени во списанието Педијатрија, го ажурираат и го заменуваат извештајот на ААП за 2008 година за спречување на атопични болести – како што се астма, состојби на кожата и алергии на храна – кај децата.

Додека науката во оваа област е сė уште во развој, новиот извештај на ААП вели дека има повеќе докази отколку било кога, за да се сугерира дека намерното воведување на некои видови храна на децата во почетокот на животот може да им помогне да го спречат развојот на алергии на храна кои влијаат на 8 отсто од американските деца и на 11 отсто од возрасните.

Со години, лекарите мислеа дека одложувањето на возраста во која децата за првпат ќе пробаат алергени како што се кикириките, јајцата и млекото може да им помогне да ги избегнат алергиите подоцна во животот.

Но, во 2008 година упатствата на ААП им сугерираа на родителите дека нема причина да се одложува воведувањето на овие прехранбени производи кај децата што се на возраст над четири до шест месеци.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...