Оваа диета покажува дека можете да изгубите дури по 1 килограм на ден доколку се храните здраво и на време.
Таа е направена од страна на стручњаците на познатата Военомедицинска академија (ВМА) во Белград, за оние пациенти кои било неопходно да ослабнат непосредно пред операција за да помине сė во најдобар ред. Виталноста на пациентот е најважната работа на која овие лекари обрнале внимание.
После оваа диета не се чувствувате малаксано, изморено и исцрпено, а не се јавуваат ниту вртоглавици. Нервозата е сведена на минимум.
Оваа диета се држи во циклуси и има три круга. Секој круг трае пет дена, но после него е потребно да се направи пауза од 2 недели. Многу е важно да се придржувате до сатницата во исхраната и да ги јадете оброците во отприлика исто време. На пример, појадокот е веднаш по станувањето, а следните два оброци (ручек и вечера) после 4 до 5 часа од еден до друг.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey