Јадранско-јонската иницијатива охрабрува заеднички настап во туризмот

86

На 16-та конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива што вчера и завчера се одржа во Будва, Црна Гора, претседателите усвоија заедничка изјава каде се истакнува важноста на продолжувањето на парламентарната соработка во регионот за реализација на проектите за поддршка на интеграцијата на земјите на Западен Балкан во ЕУ, а со чинот претседаваше претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ.

Во изјавата се истакнува дека секторот туризам станува се позначаен фактор на економскиот напредок на јадранско-јонскиот регион, при што се охрабруваат земјите учеснички на иницијативата да ја подобрат регионалната димензија на соработката и размената на најдобрите пракси во оваа област, а се поддржува и политичката поддршка на активностите кои се спроведуваат на државно, прекугранично и регионално ниво во оваа насока.

Во заедничката изјава се охрабрува промоцијата на заедничките туристички производи со цел позиционирање на Јадранско-јонскиот регион како една од водечките туристички дестинации во Европа во прилог на што се истакнува и важноста на унапредувањето на инфраструктурата што има суштинска улога во подобрувањето на пристапноста и поврзаноста на регионот, се наведува во соопштението од Собранието на Република Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...