Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според скалата на Рихтер во Турција

159

Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според скалата на Рихтер е регистриран утрово во западниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСЦ).

Засега нема податоци за повредени или причинета материјална штета.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 232 километри југоисточно од Измир, 51 километар југоисточно од Денизли и 27 километри западно од Јешилова, со длабочина од два километри под површина на земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...