Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го усвои Предлог законот за дополнување и изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со кој се унапредува системот на државна поддршка на инвестициите, се зголемува опфатот на компании кои може да аплицираат и се поедноставуваат административните процедури за апликација.
Тоа значи дека за државна поддршка ќе може да аплицираат сите компании кои остваруваат пораст на приходи од вкупното работење, во дејности како што се трговија, ИТ технологии или секундарно земјоделско производство, под услов да започнат нов производствен процес.
Целта на усвоените измени е да се излезе во пресрет на барањата на бизнис заедницата и да се зголеми конкурентноста.